вторник, февруари 10, 2026
Дома БАЛКАН Хорор во БиХ! Млад човек (24) убил свој врсник, па се обидел...

Хорор во БиХ! Млад човек (24) убил свој врсник, па се обидел да му го исече телото да го прикрие убиството

97

Безживотно тело е пронајдено во населбата Лука во Високо (БиХ), а според неофицијални информации, младиот човек ја убил жртвата, а потоа се обидел да го исече телото и да го сокрие во куфер.

Како што јави локалниот портал Високо, синоќа е уапсен Б.Д., жител на Високо, под сомнение дека го извршил убиството на П.Е.(24), жител на Сараево.

Убиството наводно се случило во 03:00 часот по неколкудневна „журка“ во стан во населбата Лука, во близина на Градскиот стадион.

Полицијата потврди дека вчера во 18.35 часот во Полициската станица Високо дошло лице со иницијали И.М. и пријавило дека маж со иницијали Б.Д.(2001) од Високо признал дека во неговиот стан убил лице со иницијали П.Е.(2001).

– Пронајдено е безживотно тело. Истрагата е спроведена во текот на ноќта под надлежност на дежурниот обвинител. Убиецот е уапсен“, извести локалната полиција.

Првичните информации говорат дека младиот човек ја убил жртвата, а потоа ја исекол на парчиња во обид да го скрие телото.

ИЗДВОЕНИ