Возачот на Дукати, Марк Маркез, победи на трката за Големата награда на Холандија на Мото ГП шампионатот, зголемувајќи ја предноста во генералниот пласман. За него, ова е 94. победа во сите категории, а пред него се само Италијанците Џакомо Агостини (122 победи) и Валентино Роси (115).
Ова е шести триумф на Марк Маркез на главната трка оваа сезона, со девет победи во спринтовите. Второто место го освои возачот на Априлија, Марко Бецеки, додека Франческо Бањаја од Дукати трет ја помина целта.
Трката беше обележана со инцидент во шестиот круг помеѓу Алекс Маркез (Гресини Рејсинг) и Педро Акоста од КТМ, по што помладиот од браќата Маркез заработи фрактура на левата рака.
DRAMA! @alexmarquez73 crashes out of podium (and potentially victory) contention 😱💔#DutchGP 🇳🇱 pic.twitter.com/rPnhra3DVk
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) June 29, 2025
По 10 трки, Марк Маркез води во генералниот пласман со 307 поени, Алекс Маркез има 239 поени, а Бањаја е на третото место со 181 бод.
Шампионатот во Мото ГП продолжува на 13 јули, со Големата награда на Германија.