Следната сцена, која би можела да најде место во хорор филм, е снимена во Јужна Каролина.
Џонатан Марлоу и неговите пријатели играле диск голф (комбинација од фризби и голф), кога од небото паднала чекан-ајкула!
„Не можевме да веруваме“
Луѓето решија да одат и да откријат што се случило и беа изненадени кога сфатија дека станува збор за бебе ајкула, објавува LadBible.
„Не можевме да веруваме што се случило“, рече Џонатан.
Дури тогаш сфатија дека неколку моменти претходно виделе орел на небото, како носи плен во канџите. Сепак, врани го нападнаа, па тој го испушти пленот и одлета.
Кога сфатија дека ајкулата умрела, решија да ја остават под дрво, во случај орелот да се врати на ручек.
„Стоевме во шок, целосно несвесни за тоа што се случило“, објасни Џонатан.
Необичниот инцидент се појави и на Фејсбук страницата на градската влада на Миртл Бич, каде што сликата на Марлоу го прикажува „уловот“ во сета негова слава.
