Левиот бек на најтрофејниот македонски клуб Вардар, Украинецот Дмитро Хориха, кој има и македонски пасош, наводно се договорил кариерата да ја продолжи во унгарскиот гигант ПИК Сегед, пишува „Гол.мк“.

Во следните неколку сезони Хориха ќе ги брани боите на тимот од Сегедин, со што овој клуб ја победи конкуренцијата на клубови од Германија, Шпанија и од Македонија, Вардар не криеше дека ќе направи максимум да го задржи Хориха, а и Охрид се интересираше за него по истекот на договорот. Сепак, Хориха го одбрал ПИК Сегед и неговата одлука веќе ја знаат и првите луѓе на Вардар.

Хориха (28) веќе доби македонски пасош, не играше за Украина на Европското првенство и во април ќе истечат три години неактивност со ова селекција. Тогаш и теоретски Хориха ќе може да заигра за македонската репрезентација, доколку добие повик.

 

ИЗДВОЕНИ