Црвениот килим на „Златните глобуси“ е секогаш моментот од вечерта кога Холивуд го покажува своето забавно, смело и гламурозно лице. Така беше и на годинашното 83. издание на „Златните глобуси“, кога сите очи беа вперени кон црвениот килим. Она што го прави доделувањето на филмските награди посебно се неговата енергија, разиграноста и, секако, повеќе простор за модни експерименти. Ѕвездите се осмелуваат да ризикуваат, стилистите ја ослободуваат својата имагинација, а резултат се комбинациите за кои ќе се зборува со денови.



Холивудските ѕвезди и овој пат избраа гламурозни креации за црвениот килим, а меѓу најдобро облечените на церемонијата беа Џенифер Лопез, Тејана Тејлор, Џенифер Лоренс…



Џенифер Лоренс претстави чист зачудувачки изглед во „Живанши“ од Сара Бартон. Аријана Гранде, пак, сега повторно бринета, исто така го украде шоуто во прекрасен фустан од Вивиен Вествуд. Настанот, кој се одржа во хотелот „Беверли хилтон“ во Лос Анџелес оваа недела, донесе и други впечатливи модни изданија. Ѕвездата од „Една битка по друга“ и добитничка на наградата за најдобра споредна женска улога, Тејана Тејлор, се појави во фустан од Скијапарели со засечен грб и со панделка што го „покриваше“ деколтето.


Џенифер Лопез изгледаше зачудувачки во винтиџ фустан од Жан-Луј Шерер, направен од проѕирна ткаенина и украсен со детали од тантела. Пејачката и актерка Мајли Сајрус, пак, прошета во дизајн од Сен Лоран со нагласени рамена. Дебитантката Чејс Инфинити носеше спектакуларен фустан од Луј Витон со додатоци со светки на горниот дел и долг црн кадифен дел. Горниот дел со рефлектирачки површини изгледаше како уметничка скулптура, со големи обетки и сјајни додатоци – многу впечатлив и футуристички изглед. Беше впечатлива и најпознатата холивудска двојка, Џорџ и Амал Клуни. (Д. Т.) Фото: ЕПА-ЕФЕ
Легенди:
- Мајли Сајрус
- Чејс Инфинити
- Аријана Гранде
- Џенифер Лопез
- Тејана Тејлор
- Џенифер Лоренс
- Џорџ и Амал Клуни
- Роуз Брн












