Според наодите на „Конзуметенбонд“, „Бе-ем-ве“ со години ги рекламирала своите дизел возила како „зелени, еколошки и економични“, иако со дополнителни истраги во повеќе земји, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија“, е утврдено дека емисиите на азотни оксиди во реални услови на возење биле „алармантно високи“.
Според наодите, софтверот ги намалувал емисиите само во текот на службените тестови, со што возилата вештаки ги исполнувале законските норми, пренесе „НЛ тајмс“.
„Срамно е како „Бе-ем-ве“ ги залажувал и регулаторните власти и потрошувачите, компанијата мора да преземе одговорност“, изјави директорката на организацијата Сандра Моленар.
Тужбата опфаќа околу 100.00 автомобили „бе-ем-ве“ и „мини“ продадени во Холандија меѓу 1 јануари 2009 година и септември 2019 година.
Организациите бараат „Бе-ем-ве“ да ги повлече автомобилите со спорниот софвер, да ги прилагоди на вистинските еколошки стандарди без намалување на перформансите како и да им исплати отштета на сите сегашни и поранешни сопственци кои ги купиле овие возила, а не ги добиле вистинските информации за емисиите.
Овој случај претставува продолжување на таканарелениот скандал со дизел, кој е првпат откриен во 2015 година кај „Групацијата фолксваген“.
Слични постапки во моментот се во тек и против производителот на „ситроен“, „дачија“, „мерцедес-бенц“, „опел“, „пежо“ и „рено“.












