Во рамките на Охридско лето утревечер (26 јули), со почеток во 21 часот, во црквата Св. Софија ќе се одржи „Холандска вечер“ со гудачки квартет на кралскиот Концертгебау оркестар.

Пред присутните ќе се претстават Марк Даниел ван Бимен-виолина, Коралине Гроен-виолина, Санта Визине-виола, Борис Недјалков-виолончело и Арно Питерс-соло кларинет. 

Во рамките на програмата ќе бидат изведени делата на Тристан Кеурис, Антонин Дворжак и Волфганг Амадеус Моцарт.

ИЗДВОЕНИ