Холандија е на пат да го добие најмладиот и првиот геј премиер, cентристот Роб Јетен со најмногу шанси за формирање влада

812

Лидерот на холандската центристичка партија Д66, Роб Јетен (38) е на пат да стане најмладиот и прв геј премиер во историјата на Холандија, по одличниот резултат на неговата партија на предвремените парламентарни избори што се одржаа во средата.

Со пребројани 97% од гласовите рано во четвртокот, се очекува Д66 и Партијата на слободата (ПВВ) на Герт Вилдерс да освојат по 26 места во Долниот дом на парламентот со 150 места. До конечното пребројување што може да трае и еден месец се очекува двете партии да освојат ист број пратенички места, но за фаворит за формирање влада се смета Д66, бидејќи полесно ќе најде коалициски партнери.

Роб Јетен беше министер за климатски и енергетски политики, кој во изборната кампања сосема го измени својот имиџ. Тој беше најприсутен во медиумите за време на кампањата, вклучувајќи го и натпреварувањето во популарниот квиз „Најпаметната личност“, снимено пред неколку месеци, но не ги експонираше својите сексуални склоности во функција на добивање гласови. Моментално е во  врска со аргентинскиот хокејар Николас Кинан, со кого треба да се венча следниот август.

Тој има големи амбиции, а најголемиот предизвик ќе му биде справувањето со станбената криза во Холандија во која недостигаат околу 400.000 домови. Јетен сака да го реши проблемот со изградба на 10 градови.

ИЗДВОЕНИ