Холандија: Бојкот на „Евровизија“ ако Израел учествува на натпреварот

31

Холандскиот радиодифузер AVROTROS денес изјави дека Холандија ќе го бојкотира Евровизискиот натпревар во 2026 година доколку на Израел му биде дозволено да се натпреварува, наведувајќи ја војната на Израел во Појасот Газа како причина.

„AVROTROS повеќе не може да го оправдува учеството на Израел во сегашната ситуација, со оглед на тековните и тешки човечки страдања во Газа“, се вели во соопштението на компанијата.

AVROTROS соопшти дека водел разговори со Европската радиодифузна унија (EBU) во врска со учеството на Израел во 2026 година и изрази загриженост за „сериозната ерозија на слободата на печатот“ преку мешањето на израелската влада во минатогодишното издание, тврдејќи дека настанот бил искористен како „политички инструмент“, објави NL Times.

Холандија е петтата земја што се закани дека ќе го бојкотира Евровизискиот натпревар доколку Израел учествува, по Исланд, Шпанија, Словенија и Ирска.

Во претходните две години имаше пропалестински протести поради учеството на Израел, а минатата година победи Израел, што покрена прашања за начинот на кој беше рекламиран пред настанот.

ИЗДВОЕНИ