
Италијанскиот калчо гигант Милан се обидува да ги осигура услугите на данскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд. Седумкратниот европски клупски шампион сака прво да го позајми 22-годишниот напаѓач, а потоа да го откупи неговиот договор и тоа со понуда не поголема од 35 мил. евра.