
Предводникот на актуелниот шампион на Италија, тимот на Наполи, Антонио Конте, го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека данскиот интернационалец, Расмус Хојлуд, може уште многу години да го носи „азурниот“ дрес. Младиот напаѓач моментално игра за Наполи како позајмен фудбалер од редовите на Манчестер Јунајтед, а неговиот договор може да биде откупен со понуда не помала од 45 мил. евра.