Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари работна средба со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хричова, при што беа истакнати традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји.
На средбата, двајцата соговорници се осврнаа на континуираната поддршка што Словачка ѝ ја дава на земјата во процесот на пристапување кон Европската Унија, со посебен акцент на улогата на Амбасадата во поттикнувањето на Националната конвенција за ЕУ како механизам за инклузивен дијалог и размена на искуства.
Министерот Хоџа презентираше приоритети на министерството во рамки на европската интеграција, особено во однос на ефикасното користење на ИПА средствата, додека соговорниците се согласија дека средбата отвора простор за идентификување на конкретни можности за соработка и за понатамошно зацврстување на партнерството меѓу двете држави.












