Хит играчот на Реал (М) споделил видео од сексуален однос со малолетничка

196
epa11959821 Players of Real Madrid celebrate with their supporters after winning the UEFA Champions League round of 16 second leg soccer match between Atletico Madrid and Real Madrid in Madrid, Spain, 12 March 2025. EPA-EFE/Juanjo Martin

Раул Асенсио (22) е обвинет за наводно дистрибуирање на секс видео од малолетно лице и се соочува со четири години затвор. Дефанзивецот на Реал (М) и неговите тогашни соиграчи Хуан Родригез, Феран Руиз и Андрес Гарсија се обвинети за снимање на сексуален однос со две девојки, од кои едната била малолетничка, во јуни 2023 година без нивна согласност, а потоа и за споделување на снимката без нивна согласност.

„Мундо Депортиво“ објавува дека адвокатката на малолетното девојче кое се појавува во секс видео снимено од играчите на фудбалската академија на Реал (М) во ноќен клуб во Гран Канарија побарала четири години затвор за фудбалерот Асенсио.

Адвокатката потврди за ЕФЕ дека таа, како приватна тужителка, побарала отворање на судење за кривичните дела откривање тајни и детска порнографија против тројца фудбалери кои повеќе не се во Реал (М), како и против Асенсио, кој моментално игра за првиот тим и стана многу важен играч минатата сезона со 53 настапи.

Првите тројца се обвинети за кривично дело откривање тајни бидејќи снимиле сексуално видео без согласност и за детска порнографија бидејќи малолетник се појавува во видеата. Таа бара казна од четири години и десет месеци затвор за нив.

Асенсио не учествувал во консензуалната сексуална врска што тројца негови соиграчи ја имале со две девојки, но е обвинет за откривање тајни. Според обвинението, тој го примил видеото и го покажал на трето лице, знаејќи дека видеото е направено без согласност, дека девојките побарале да се избрише и дека едното од нив е малолетно.

Втор приватен обвинител, кој ја застапува другата девојка прикажана во видеата, сè уште не поднел обвинение, но нејзиниот адвокат изјавил дека ќе поднесе барање со слични обвиненија. Шпанската полиција не добила снимка од сексуалниот однос од мобилните телефони на четворицата обвинети, но пронајдени се групни разговори и пораки во кои се споменуваат видеата.

Поради ова, адвокатот на девојката, која во времето на инцидентот имала 16 години, објави дека некои од примателите на видеото ќе бидат повикани како сведоци на судењето.

Фудбалерите се сретнале со девојките на југот на Гран Канарија и го поминале денот со нив. „Мундо Депортиво“ објавува дека една од девојките им рекла на обвинетите дека има 16 години, па сите знаеле дека е малолетничка.

Во еден момент, малолетната девојка и нејзината 18-годишна пријателка се договориле да одат во приватна соба со Руиз, Родригез и Гарсија, со кои имале консензуален секс. Асенсио одлучил да се држи подалеку и поминал време со друга девојка во заедничкиот базен.

Кога девојките откриле дека се снимени, побарале да ги избришат снимките, а Руиз наводно ги избришал од својот мобилен телефон пред нив. Сепак, шпанските медиуми објавуваат дека снимките веќе биле зачувани на друг начин во тоа време.

Асенсио повторно се појави во случајот речиси една недела подоцна, на 21 јуни. Тогаш наводно го замолил Хуан Родригез да му испрати една од снимките.

Дефанзивецот на Реал Мадрид го гледал видеото и му го покажал на трето лице, што и самиот го признал во гласовна порака до тоа лице неколку дена подоцна. „Еј, брате, ти го покажав ова затоа што Хуан ми го испрати“, вели тој во аудио порака на WhatsApp, според Mundo Deportivo.

Откако беше објавено дека е обвинет, Асенсио издаде соопштение во кое тврдеше дека ниту ги снимил ниту ги споделил снимките на двете девојки. „Не сум учествувал во ништо што ја нарушува сексуалната слобода на која било жена, особено не на малолетничка“, изјави дефанзивецот.

Освен во приватниот живот, Раул моментално има проблем и на зелениот терен. Шпанските медиуми информираат дека новиот тренер на „кралскиот клуб“, Чаби Алонсо, не е импресиониран од малдиот дефанзивец и затоа големи се шансите во новата сезона во првиот тим шанса да добиваат поискусните играчи, а Асенсио редовно да ја грее клупата за резервни фудбалери.

ИЗДВОЕНИ