
Новајлијата во англиската Премиер лига, тимот на Сандерленд, не се откажува од намерата да ги осигура услугите на мексиканскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Милан, Сантијаго Хименез. Веќе е јасно како ден дека доколку не ја подобри својата форма до јануари, Милан ќе го продаде или позајми напаѓачот, кој сезонава нема постигнато ниту еден погодок во Серија А.











