
Италијанските медиуми открија дека раководните лица на калчо гигантот Милан му дале ултиматум на мексиканскиот интернационалец Сантијаго Хименез кој веќе со месеци не може да го најде патот до противничкиот гол. Робусниот напаѓач пред неколку дена бил информиран дека ќе биде продаден за време на зимскиот преоден рок доколку не ја подобри својата голгетерска форма до почетокот на месец јануари.











