четврток, февруари 26, 2026
Дома СВЕТ Хилари Клинтон сведочи пред членовите на Конгресот за Епстин, утре ќе сведочи...

Хилари Клинтон сведочи пред членовите на Конгресот за Епстин, утре ќе сведочи Бил Клинтон

29

Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон денес ќе сведочи пред членовите на Претставничкиот дом на САД, како дел од конгресната истрага за осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, со што ќе започне дводневно сослушување на кое ќе учествува и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Сослушувањето е закажано да започне во 11 часот по локално време (17 часот по средноевропско време) во Њујорк, каде што живеат Клинтонови, и ќе биде затворено за јавноста, но ќе биде транскрибирано и снимено со видеокамера, објави „Фокс њуз“. Локацијата на сведочењето е договорена од адвокатите на Клинтонови и Конгресот, со цел да се избегне понижувањето и преседанот со повикувањето на поранешниот претседател на Капитол Хил на сослушување, објави „Си-Ен-Ен“.

Претседателот на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, републиканецот Џејмс Комер, и 10 републикански членови на Комитетот ќе присуствуваат на сослушувањето. Комер претходно изјави дека сведочењето на Клинтонови е „клучно за разбирање на мрежата за трговија со луѓе на Епстин и Гислен Максвел и начините на кои тие се обидувале да добијат наклонетост и влијание за да се заштитат од истрагата“.

ИЗДВОЕНИ