Дали намерно се обезвреднува имотот на македонските електрани со цел некој  полесно да ги купи хидроцентралите кои се „златните кокошки“, поточно, најголемото богатство што може да се грабне од државната енергетика?, прашува економскиот и енергетски експерт Дејан Трајковски, професор на Техничкиот факултет во Битола. 

Тој вели дека АД ЕСМ намерно се турка во претстечајна ситуација. Некогашниот капитал на компанијата од преку 600 милиони евра годинава е сериозно разјаден и моментално е сведен на само 380 милиони евра.

– Прашање на денови е кога комерцијалните банки ќе побараат стечај и распродажба на здравиот дел од ЕСМ, т. е. хидроцентралите, затоа што нивната струја е „златното јајце“ бидејќи имаат најниски оперативни трошоци, највисока профитна маржа, најдолг работен век (50 – 100 години), произведуваат струја што секогаш се бара (базна енергија), а претставуваат и природен државен монопол без конкуренција. Затоа ЕСМ мора да биде турнато во колапс, зашто државата никогаш доброволно не би ги продала ХЕЦ, зашто не би имало потреба за тоа, вели Трајковски.

Дали намерно се обезвреднува имотот на македонските електрани, со цел полесно некој да ги купи хидроцентралите кои се „златните кокошки“, поточно, најголемото богатство што може да се грабне од државната енергетика, прашува економскиот и енергетски експерт Дејан Трајковски, професор на Техничкиот факултет во Битола.

Тој вели дека АД ЕСМ намерно се турка во претстечајна ситуација, а тоа го темели на фактот што оваа државна енергетска компанија две години по ред прави годишни загуби од по 120 милиони евра, а за причина ја смета не само ниската цена на струјата која е под производната цена туку и слабиот ископ на домашен јаглен и скапиот увозен јаглен за термоцентралата „РЕК Битола“.

ЕСМ во последниве две години остварува годишна загуба од по 120 милиони евра поради слаб ископ на домашен јаглен и купување скап јаглен од Грција. Ја продаваат сопствената електрична енергија за 40 % поевтино од производната цена, што Владата го дозволува за да се одржува социјален мир. Но, наместо од државниот буџет да ги покриваат разликите во цената, односно загубите, тие го натераа ЕСМ да се задолжи кај комерцијалните банки, иако е јасно дека со ваква диспропорција на цените не можат да станат профитабилни и да го вратат долгот – вели професорот.

Според него, некогашниот капитал на компанијата од преку 600 милиони евра годинава сериозно е разјаден и моментално е сведен на само 380 милиони евра.

Прашање на денови е кога комерцијалните банки ќе побараат стечај и распродажба на здравиот дел од ЕСМ, т. е. хидроцентралите, затоа што нивната струја е „златното јајце“ бидејќи имаат најниски оперативни трошоци, највисока профитна маржа, најдолг работен век (50 – 100 години), произведуваат струја што секогаш се бара (базна енергија), а претставуваат и природен државен монопол без конкуренција. Затоа, ЕСМ мора да биде турнато во колапс бидејќи државата никогаш доброволно не би ги продала ХЕЦ, зашто не би имало потреба за тоа – вели Трајковски.

Професорот смета дека од продажбата на хидроцентралите, корист, единствено ќе имаат трговците со електрична енергија и приватните производители, како и тие што им овозможиле таков бизнис.

Владата не сака да гради фотонапонски, ветерни и хидроцентрали, туку им го подарува земјиштето на странски приватни компании и инвестициски фондови за тие да градат и да профитираат од македонскиот пазар, а граѓаните да плаќаат поскапа електрична енергија – констатира Трајковски.

Тој оценува дека продажбата на струја под производната цена е политички популизам на сметка на ЕСМ, а Владата политички го користи ЕСМ како партиска социјална политика.

Наместо да им даде субвенции на граѓаните или да им ја надоместува разликата на цената на ЕСМ, тие го тераат ЕСМ да продава под цена и да трупа загуби. Со тоа, ја уништуваат државната компанија и ја пренесуваат загубата во иднина, односно кај банките, сè додека тие не побараат стечај и ликвидација – вели Трајковски.

Тој очекува дека Владата, која по нејзина директива го тера ЕСМ да прави системски загуби, би требало и да ги покрива загубите од буџетот заради одржување социјален мир.

Но, тие го прават спротивното, односно го тераат ЕСМ да зема кредити со високи камати од приватни комерцијални банки. Тоа има две последици. Прво, ЕСМ се задушува во долгови и станува лесен плен за евтина распродажба. Второ, банките добиваат сигурна камата, а трговците со струја голем пазар и простор за збогатување, иако нема никаква потреба за тоа – нагласува тој.

(С. Бл.)

ИЗДВОЕНИ