Поранешниот македонски репрезентативец и кошаркар кого добро го помни македонската јавност, Лестер Бо Мекејлеб, ја започна својата тренерска кариера во Соединетите Американски Држави. Тој ќе тренира деца под 14 години на Универзитетот „Зомби“. Тоа е непрофитна организација и кошаркарска програма фокусирана на развојот на младите.

Поранешниот плејмејкер беше еден од главните играчи во македонската репрезентација за историскиот успех на нашата земја на ЕП во Литванија, кога го освои четвртото место. Ја предводеше Македонија до полуфиналето на ЕП во 2011 година. Со своите одлични настапи, тој заработи место во првата петорка на првенството, а играше и на Европското првенство во 2013 година со многу помал успех.

Во својата кариера, тој играше за Партизан, Сиена Монтепаски, Фенербахче, Баерн, Лимож, Гран Канарија и за Сарагоса.

ИЗДВОЕНИ