Херцог остар по нападот во Сиднеј: „Ја предупредивме Австралија за бранот антисемитизам“

82
EPA/MICK TSIKAS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Израелскиот претседател Исак Херцог се огласи за ужасното пукање во Сиднеј, во кое загинаа 12 лица за време на прославата на Ханука. Херцог остро го осуди нападот, нарекувајќи ги сторителите „одвратни терористи“ и директно критикувајќи ги австралиските власти.

Херцог откри дека веднаш по инцидентот разговарал со Дејвид Осип, претседателот на Еврејскиот одбор на пратеници на Нов Јужен Велс.

„Тукушто разговарав со Дејвид Осип, кој зборуваше на настанот кога започна пукањето. Во име на целата нација Израел, им го пренесувам нашето сочувство на ожалостените семејства и молитви за повредените“, напиша Херцог. Тој истакна дека жртвите биле нападнати додека се подготвувале да ја запалат првата свеќа за празникот Ханука.

Израелскиот претседател ја искористи можноста да истакне еден поширок проблем, обвинувајќи го австралиското општество за растечка омраза кон Евреите.

„Постојано ја повикуваме австралиската влада да преземе мерки и да се бори против масовниот бран на антисемитизам што го зафаќа австралиското општество“, рече Херцог во својата објава.

Заедно со пораката за поддршка на еврејската заедница во Сиднеј и низ цела Австралија во овие „ужасни времиња“, Херцог сподели потресна фотографија од крвав молитвен шал (талит) од местото на настанот.

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар испрати слична порака.

Израелскиот шеф на дипломатијата: Пукањето е резултат на антисемитското дивеење на улиците во Австралија

ИЗДВОЕНИ