Вирусот на хепатитис А беше откриен во замрзнато мешано црвено зрнесто овошје од Србија, кое било наменето за германскиот пазар.
Ризикот за потрошувачите е окарактеризиран како „сериозен“, беше објавено на веб-страницата на Европскиот систем за брзо предупредување и известување за храна (RASFF).
Германија ги повлече овие производи од пазарот, како што може да се види на веб-страницата на RASFF.
И Италија неодамна издаде предупредување за храната од Србија, поради откривањето на бактеријата листерија во димениот лосос, пренесуваат српските медиуми.