Хеликоптерот „Блек хок“ од Чешка слета на скопскиот аеродром, утре ќе биде вклучен во гаснењето на пожарот на Готен

59

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека на скопскиот аеродром слетал хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка, со седумчлена посада.

Овој моќен хеликоптер, со капацитет за носење ведро од 3,4 тона вода, утре наутро ќе започне со гаснење на пожарот на планината Готен, од беровската страна.

Ангелов најави дека во утринските часови ќе биде објавена изјава со фотографии и видео од хеликоптерот во акција.

ИЗДВОЕНИ