Хеликоптери се судрија во Њу Џерси, загинаа пилотите

31
Foto: Pexels

Американските власти денес ги идентификуваа двајцата пилоти кои загинаа откако нивните хеликоптери се судрија во воздух во јужната американска држава Њу Џерси.

Во несреќата загинаа 65-годишниот Кенет Кирш и 71-годишниот Мајкл Гринберг, пријатели кои живееле во Њу Џерси и често појадувале заедно во кафуле во близина на местото на несреќата во Хамонтон, околу 35 милји југоисточно од Филаделфија, објави АП.

Шефот на полицијата во Хамонтон, Кевин Фрил, изјави дека Кирш, од Карнис Поинт, бил прогласен за мртов во локалната болница, каде што бил однесен со хеликоптер, додека Гринберг, од Сјуол, починал на местото на настанот.

ИЗДВОЕНИ