Хеликоптер повторно гаснел во „Јасен“

69

Пожарот во НП „Јасен“ кој гори со денови, а беше ставен под контрола, во текот на вчерашниот ден повторно покажувал знаци на горење.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување  (ДЗС), Стојанче Ангелов, изјави дека токму заради тоа, рано изутринава екипи од НП „Јасен“ и на  Дирекцијата за заштита и спасување успеале по двочасовно искачување кај езерото да се пробијат до местото каде што затекнале активен оган.

– Од нивна страна околу пожарот беше направен противпожарен  појас, а веднаш беше повикана поддршка од еден полициски  хеликоптер и „ер-трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување – истакна  Ангелов.

Според него, во текот на денешниот ден имало еден активен пожар  во селото Долнени, каде гореле трева, грмушки и ниска вегетација, а на местото дошле прилепските пожарникари.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска изгаснат бил еден пожар во Куманово, на улица „60“ до железничката станица.

ИЗДВОЕНИ