Колку имам, толку, доволно за мене, бидејќи децата се големи. Тие го живеат свој живот, јас сум веќе и дедо, па доста ми е, сега-засега. Се надевам дека Оној од горе нема така брзо да ме повика, ха, ха, ха….
Популарниот босански поп-пејач, Хајрудин Варешановиќ, кој е надалеку попознат по прекарот Хари Мата Хари и кој има, ќе се согласите со нас, преубави песни, деновиве не ја крие својата загриженост по лошите случки со Здравко Чолиќ.
– Ниту во кариерата ниту во животот не сум се дружел со погрешни луѓе. Ниту, пак, некому сум му останал должен. Немам ништо со што би можел да ги иритирам тие сомнителни ликови. Јас немам ниту приватно обезбедување. На естрадата не сум заработил толку многу пари како Здравко Чолиќ, па да бидам цел на рекет. Живеам мирно, спијам мирно. Колку имам, толку, доволно за мене, бидејќи децата се големи. Тие го живеат свој живот, јас сум веќе и дедо, па доста ми е, сега-засега. Се надевам дека Оној од горе нема така брзо да ме повика, ха, ха, ха… – раскажа шеговитиот Хари, кој и на своите 68 години сè уште добро се држи и има во него младешка енергија.
Тој ќе ја пренесе таа енергија и на скорешниот настап во Македонија, на голем концерт, кој, веројатно, ќе се одржи ова лето, во Охрид, на „Билјанини Извори“. (Д. М.)












