
Англискиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), Хари Кејн, е најновата желба на најбогатите клубови од Саудиска Арабија. Искусниот напаѓач има договор со баварскиот гигант до 2027 година и во истиот има ослободителна клаузула која се активира со понуда не помала од 57 мил. евра. Таквата сума не е никаков проблем за клубовите од Саудиска Арабија кои можат да му понудат и плата дупло поголема од таа која моментално ја заработува.











