петок, февруари 20, 2026
Дома МАГАЗИН Happy birthday, dear „Дакапо бенд“ – Помпезно прославени 10 години од постоење...

Happy birthday, dear „Дакапо бенд“ – Помпезно прославени 10 години од постоење на популарниот македонски состав, со новиот пејач Антонио Тасевски

47

Во прекрасниот славенички кавадаречки амбиент, момците од бендот (притоа и трендовски облечени), ги пречекуваа гостите со голема почит. Така треба! Барем ние имавме такво чувство при самото влегување. Со радост која извираше од секој нивен поглед!Градот Кавадарци, попознат по својот тиквешки гроздобер и по најдобрите македонски вина, од пред некоја вечер стана уште повеќе познато место, откако во градот се случи една незаборавна прослава. Помпезно се прославија 10 години од постоењето на успешниот „Da Capo Band“ (или  „Дакапо бенд“,) во кој со својата моќна интерпретација свој печат остава нивниот нов пејач, Антонио Тасевски. Него имавме можност да го гледаме и во настапите на балканското шоу „Ѕвездите на Пинк“, во кое доби грст комплименти од познатата Јелена Карлеуша, која му упати слатка порака: „Македонците,пеејќи вистински растураат!“А, во прекрасниот славенички кавадаречки амбиент момците од бендот (притоа и трендовски облечени), ги пречекуваа гостите со голема почит. Така треба! Барем ние имавме такво чувство при самото влегување. Со радоста што извираше од секој нивни поглед, сакаа да упатат порака дека тој што им е дојден на роденденската прослава е навистина добредојден. Од нивните колеги, пријатели, до естрадните новинари кон кои покажаа посебна почит. Тоа не беше само од чист протокол, туку вистински, домаќински. Од срце!  Се потрудија и успеаја во тоа ништо да не фали, од богатата софра на која имаше, што се вели и од „пиле млеко“, преку неограничени пијалаци, до фантастичната музика. Нешто на што може да им биде љубоморен и познатиот “Тиквешки гроздобер“. И, секако, тука е тоа најдоброто, расположението. Присутно во секој миг.

Во рамките на тоа, бендот ги претстави и новите песни, потенцијални хитови, нивното ново поглавје во кариерата (откако не се веќе во „комбинација“ со исто така популарната Анета Љумаковска). Сега имаат и плус нови мотивации за уште повеќе настапи, ангажмани, концерти, турнеи….особено кај нашите иселеници кои секогаш со душа чекаат да им дојде бендот кој прави вистинска атмосфера. А, веселата атмосфера, овој пат роденденска, се случи во Кавадарци, таа февруарска ноќ. Роденденот не би бил роденден да немаше и роденденска торта. Свеќичките од тортата беа дувани на самата сцена на која се качија славениците, а присутните, во голем број заеднички пријатели, им пееја „Хепи брдеј, диар Дакапо бенд“.  

Зад целата оваа реализација, со подеднаква креативна енергија стојат сите тие задно. Покрај новиот пејач Антонио, тука се и: Илија Мицев – труба, Влатко Ѓорчев – кларинет/саксофон, Тодор Ушитков – клавијатури, Горан Костадинов – клавијатури и Никола Давчев – ударни инструменти.

Дуле Миќиќ

 

ИЗДВОЕНИ