Првиот човек на кошаркарскиот клуб Хапоел Тел Авив, Офер Јанај, изјави дека израелскиот клуб е најдобар, не сметајќи ја НБА-лигата, и дека може да победи некои тимови од најсилното клупско кошаркарско натпреварување.

Хапоел го освои Еврокупот претходната сезона и благодарение на тоа, обезбеди учество во Евролигата. Токму поради тоа беа доведени неколкумина врвни кошаркари, меѓу кои и Василије Мициќ, плејмејкер што го предводеше Ефес, како МВП на фајнал-форот, до две титули во Евролигата, а потоа играше во НБА-лигата. Тој воедно е најплатениот кошаркар на Евролигата оваа сезона, а доби и акции во клубот.

  • Хапоел Тел Авив е најдобриот тим во светот, не сметајќи ги оние од НБА-лигата. Прилично сум сигурен дека ќе ги победиме најлошите НБА-тимови, оние што ќе бидат дел од лотаријата на драфтот за најдобар избор, особено ако играме според правилата на ФИБА – истакна Јанај.

ИЗДВОЕНИ