Хаос во САД: 5.500 камионџии ги загубија своите дозволи поради непознавање на англискиот јазик

89

Во Соединетите Американски Држави, дури 5.500 професионални возачи на камиони ги загубија возачките дозволи откако не го положија основниот тест за познавање на англискиот јазик, изјави Израел Делгадо Валехо, потпретседател на Мексиканската комора на камионџии за северозападниот регион.

Според него, американските држави ја зголемија контролата во последните месеци и се построги во спроведувањето на законот што бара од комерцијалните возачи да знаат доволно англиски јазик за да читаат сообраќајни знаци и да комуницираат со полицијата.

Сè започна пред шест месеци, кога претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која повторно се активираше претходно одобрената регулатива за јазична обука и тестирање на познавање на англискиот јазик. Целта, како што е наведено, е да се зголеми безбедноста на патиштата, но многумина во транспортната индустрија веруваат дека мерката е премногу строга и дискриминаторска кон возачите од јужно од границата.

Најголем број одземени возачки дозволи е регистриран во Тексас, додека држави како Калифорнија и Ново Мексико се предупредени дека мора да ги засилат контролите. Министерството за транспорт на САД (DOT) се закани дека ќе ги прекине федералните средства за оние држави кои не спроведуваат тестирање и санкционирање на возачите кои не ги исполнуваат критериумите.

ИЗДВОЕНИ