Тројца полицајци кои го придружувале премиерот Милојко Спајиќ се повредени во сообраќајна несреќа во градот Скрбуша, на патот Матешево – Колашин. Управата на полицијата соопшти дека Спајиќ, не бил во возилото со повредените полицајци, туку во друго возило од придружбата.
Црногорските медиуми пренесоа дека полицајците се здобиле со тешки повреди, но дека не се опасни по живот. Несреќата се случила околу вчера попладнето околу 16:30 часот, а другото возило, „БМВ“ со странски регистарски таблички, го управувал В. С. (21) од Украина.
„Врз основа на досега преземените дејствија и собраните информации, се сомнева дека сообраќајната несреќа се случила кога украински државјанин, кој управувал возило „БМВ“, се движел по регионалниот пат Р-13 од Подгорица до Колашин, на дел од патот каде што има целосна надолжна, односно непрекината линија, од причини кои засега не се утврдени, преминал во спротивната лента и предниот дел од возилото дошол во контакт со предниот дел од службено возило од придружбата на заштитеното лице, кое се движело од правец на Колашин кон Подгорица“, соопшти полицијата.
Се додава дека во несреќата учествувало службено возило „Мерцедес“, првото возило од придружбата на заштитеното лице, кое во моментот на несреќата го управувал полицаецот М. К. Во возилото имало уште двајца полицајци.
„Сите тројца полицајци се здобиле со телесни повреди и им е укажана медицинска помош.“
Другото возило, БМВ со странски регистарски таблички, го управувал В. С. (21) од Украина.
„Сакаме да истакнеме дека заштитеното лице не било во гореспоменатото возило, туку во друго возило од придружбата. По завршувањето на истрагата и преземањето на сите законски предвидени мерки и дејствија, Полициската управа веднаш ќе ја информира јавноста за околностите на овој настан“, соопшти полицијата, пренесува „Вијести“.











