Непозната личност предизвикала сериозен инцидент во Шпанија пред натпреварот помеѓу Барселона и Еспањол, кога со автомобил влетала во навивачите.
На снимката од местото на настанот се гледа како бело возило се вози во толпа навивачи кои фрлаат шишиња кон него.
По неколку моменти возилото влетува во толпата навивачи и вози низ нив во непознат правец.
Истрагата зошто автомобилот удрил во навивачите се уште трае, а неофицијалните информации говорат дека жената зад воланот од засега непознати причини изгубила контрола над возилото.
Барселона во Каталонија гостува кај Еспањол во меч кој и математички може да и ја донесе титулата шампион на Шпанија.
— el pipas (@TheBlones10) May 15, 2025