понеделник, јануари 26, 2026
Дома СВЕТ Хаос поради поларен бран во САД: Температурите се спуштија до минус 30,...

Хаос поради поларен бран во САД: Температурите се спуштија до минус 30, има и смртни случаи/ВИДЕО

309
EPA/JEROME MIRON

Две лица починаа од хипотермија во округот Кадо, Луизијана, а речиси 800.000 домови во Соединетите Американски Држави се без електрична енергија, бидејќи огромната зимска бура им се заканува на околу 180 милиони луѓе во 37 држави, повеќе од половина од населението на САД.

Државите кои се најмногу изложени на ризик од бурата се Алабама, Џорџија, Кентаки, Мичиген, Њујорк, Северна Каролина, Охајо, Тенеси, Тексас и Вирџинија. Метеорологот Џош Вајс од Националната океанска и атмосферска администрација на САД рече дека бурата е „уникатна“ поради нејзиниот распон од 2.000 милји и екстремно ниските температури што ги носи.

Најмалку пет лица починаа во Њујорк во текот на викендот поради ниските температури и снегот, изјави градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, додека гувернерката на Њујорк, Кети Хокул, ја опиша како најстудената зима во последните години, а состобата во државата ја нарече опасна.

„Иако сè уште не ги знаеме причините за смртните случаи, ова е силен потсетник за тоа колку е опасен екстремниот студ и колку се ранливи многу од нашите граѓани, особено бездомниците“, рече Мамдани, пренесе NBC News. Тој додаде дека нема индикации дека жртвите биле бездомници.

Градот Њујорк отвори десет „центри за затоплување“ и 126 засолништа за граѓаните, а градоначалникот Мамдани ги повика луѓето да останат во затворен простор и да не возат.

Само во неделата се откажани повеќе од 10.000 летови, што е најголем број откажувања на летови од пандемијата на Ковид, при што најголем број откажувања е регистриран во Шарлот, Северна Каролина и Атланта, додека сите летови на Националниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон се откажани.

Опасно студено време ги зафати поголемиот дел од централните и источните делови на САД, со температури кои се движеа од минус 20 до минус 30 степени.

 

ИЗДВОЕНИ