Најактивниот вулкан во Европа, Етна, еруптираше утрово на италијанскиот остров Сицилија, предизвикувајќи паника кај туристите кои избегаа пред густ облак од пепел и чад.
Од кратерот почнаа да еруптираат жешки карпи, пепел и гас, а чадот можеше да се види од километри.
Само неколку часа пред ерупцијата, регистриран е силен подземен потрес, кој почнал околу 22 часот, претходната вечер и достигна врв околу еден час по полноќ.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 2,8 километри под кратерот.
NOW – Mount Etna erupts, sending tourists fleeing for their lives as the smoke plume rises.pic.twitter.com/YfPUyld5Fi
— Disclose.tv (@disclosetv) June 2, 2025
Драматичните снимки покажуваат преплашени туристи како бегаат додека над нив се формира огромен облак од пепел.
Центарот за следење на вулканската пепел во Тулуз издаде црвена тревога за воздушниот сообраќај, наведувајќи дека облак составен главно од водена пареа и сулфур диоксид се движи кон југозапад, објави Нова.
Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија објави дека ерупцијата станувала сè поинтензивна, со речиси континуирани експлозии од стромболиски тип.
Етна и претходно предизвикала штета на околните области, покривајќи ги со слоеви црн пепел, а денешната ерупција нè потсетува колку моќна и непредвидлива е силата на овој вулкан на природата.