Вистинска лудост беше видена по квалификацискиот натпревар за Ролан Гарос помеѓу Педро Мартинес и јапонскиот тенисер Реи Сакамото.

Шпанецот славеше со резултат од 6:2, 7:5, но по последниот поен дојде до жесток судир на мрежата. Наместо вообичаеното ракување, двајцата тенисери влегоа во сериозна вербална расправија која многу брзо се закани да прерасне во физичка пресметка.

Мартинес, според пишувањата на повеќето странски медиуми, дури и го испровоцирал 19-годишниот јапонски играч велејќи: „Сакаш да излеземе надвор?“

Ситуацијата станала толку напната што судијата Џон Блом морал итно да реагира и да ги раздели двајцата играчи за да спречи инцидентот да ескалира понатаму.

Сè уште не е познато што точно го предизвикало конфликтот, но јасно е дека тензиите за време на натпреварот биле огромни.

ИЗДВОЕНИ