Хаос на празничната прослава во Чачак: Ана Бекута гаѓана со снежни топки за време на настапот/ВИДЕО

59

Концертот на српската пејачка Ана Бекута, кој требаше да биде празнична прослава на православната Нова Година на градскиот плоштад во Чачак, се претвори во непријатна ситуација. Настапот беше прекинат откако некои од присутните почнаа да фрлаат снежни топки кон пејачката и нејзиниот бенд, пренесува Telegraf.rs.

Инцидентот беше предизвикан од незадоволство на јавноста, која организираше протест поради високиот хонорар на пејачката за настапот. Многумина беа огорчени од фактот дека за концертот беа издвоени 40.000 евра. Овие сомневања и критики го придружуваа настапот уште од самиот почеток, кулминирајќи во моментот кога снежни топки почнаа да летаат на сцената.

Видно револтирана од попречувањето на нејзината работа, Бекута го прекина пеењето и директно им се обрати на напаѓачите: „Срам да ви е! Дали имате мајка? Дали имате сестра? Дали имате баба? Срам да ви е! Каде е полицијата овде? Дали полицијата прави нешто? Нема повеќе да пееме и свириме“, викаше пејачката од бината.

Според снимките објавени на социјалните мрежи, тензијата била толку голема што Бекута морала да се повлече од бината, а наводно настапот го продолжила пеејќи од комбето на музичарите.

ИЗДВОЕНИ