Грчките власти уапсија неименуван 35-годишен патник, чие агресивно однесување во авионот го принуди капетанот да изврши итно слетување во Солун.
За време на летот од Велика Британија до Турција, 35-годишен маж нападнал друг патник, на возраст од 41 година, пренесува „Катимерини“.
Се наведува дека поради инцидентот е нарушена безбедноста на летот и капетанот извршил итно слетување на аеродромот „Македонија“ во Солун, а мажот е уапсен и ќе биде изведен пред надлежен обвинител.