Хаос на хрватскиот наркопазар: Кокаинот често се „сече“ со лек против паразити кај свињи и овци

95

Кокаинот што циркулира во Хрватска често се „сече“ со разни супстанции како што се фенацетин, лидокаин и левамизол – лек против паразити што се користи кај свињи и овци, и може да биде исклучително опасен за луѓето. Овие нечистотии можат да предизвикаат опасни срцеви аритмии, оштетување на органите и намалување на имунитетот, предупредуваат од Хрватскиот институт за јавно здравје, додавајќи дека ова е многу ризична и воопшто не е безопасна практика. Чистотата на кокаинот, варира во голема мера, пишува „Хина“.

Хрватскиот институт за јавно здравје вели дека кокаинот, покрај тоа што носи бројни ризици сам по себе, е уште поопасен поради дополнително мешање со разни супстанции. Проблемот е што корисниците никогаш навистина не знаат колку од дрогата внесуваат, што ја зголемува можноста за непредвидливи и потенцијално фатални последици.

Според хрватското Министерство за внатрешни работи, чистотата на кокаинот на хрватскиот пазар значително варира од година во година. Само во 2024 година, анализирани се 1.013 примероци од 210 случаи, а резултатите покажаа драстични разлики – од само 0,3 проценти до 88,7 проценти кокаин како база. Просечната чистота на кокаинот што се нуди на улица била 55,7 проценти. За таканаречените улични дози (до еден грам), просекот бил 51,3 проценти, додека за поголемите заплени чистотата се искачила на 68,1 процент, што потврдува дека кокаинот дополнително се „сече“ близу крајот на синџирот, пред да стигне до крајниот корисник.

Проблемот, како што вели Институтот за јавно здравје, не е само варијацијата во количината на кокаин, туку и супстанциите што се користат за негово „сечење“ – а многу од нив се опасни сами по себе. Многу нечистотии можат да бидат токсични, па дури и канцерогени, а корисниците немаат шанса да знаат што има на линијата што ја повлекуваат. Најчестите супстанции што се додаваат на кокаинот вклучуваат: – Фенацетин – може да предизвика рак, оштетување на бубрезите и црниот дроб – Левамизол – ја нарушува крвната слика и имунолошкиот систем – Лидокаин и прокаин – локални анестетици кои можат да предизвикаат аритмии, пад на притисокот и напади – Кофеин и други стимуланси – дополнително го оптоваруваат нервниот систем, можат да предизвикаат вознемиреност и паника Комбинацијата од неколку различни супстанции дополнително ја зголемува токсичноста и непредвидливоста на ефектите.

Ветеринарот од Копривница објаснува дека левамизолот, кој често се користи како додаток на кокаинот, е лек за животни, поточно за свињи и овци, против паразити на белите дробови и срцето. Кај животните го стимулира имунолошкиот систем, но кај луѓето, особено оние кои често користат кокаин, има спротивен ефект – го ослабува имунитетот

ИЗДВОЕНИ