Хаос на божиќен пазар во Холандија: Најмалку десет лица се повредени откако автомобил влета во толпа луѓе/видео

81
Фото:принтскрин, Ворлд сорс њуз 24

Автомобил се заби во група луѓе за време на божиќната парада во Нунспет, во покраината Гелдерланд, во централно-источниот дел на Холандија. Најмалку девет лица се повредени, од кои три потешко.

Како што пренесуваат холандските медиуми, повикувајќи се на локалните власти, полицијата во моментов не верува дека ова е кривично дело.

Холандската полиција го опиша инцидентот на мрежата X како „сериозна несреќа“, истакнувајќи дека истрагата е во тек, соопшти покраинската полиција во Гелдерланд.

Луѓето во кои удрил автомобилот стоеле покрај патот и чекале да помине божиќната парада, пренесе српски „Курир“.

 

ИЗДВОЕНИ