Ханси Флик му го задава последниот удар на Тер Штеген

1240
epa11803676 FC Barcelona's head coach Hansi Flick attends a press conference after a training session of the team, in Barcelona, Spain, 03 January 2025. EPA-EFE/Alejandro Garcia

Ханси Флик имаше феноменална дебитантска сезона на клупата на Барселона, каде што успеа да освои три домашни трофеи. Германскиот стручњак излезе како победник во дуелот против тренерот на својот лут ривал – Карло Анчелоти, а неуспехот на Реал (М) беше причина плус за славје помеѓу фановите на Барса.

Покрај одличните резултати и настапи на теренот, кои во голема мера се негова заслуга, она што го разликува Флик е неговата пристапност и харизмата што ја зрачи.

Повеќето играчи можат да се пофалат со фантастичен однос со Германецот, но во секое правило мора да има исклучок. Исклучок во овој случај е Марк-Андре Тер Штеген, кој навистина не може да се пофали дека има одлична комуникација со сонародникот.

Германскиот голман го помина поголемиот дел од минатата сезона во свечената ложа поради тешката повреда, но по неговото враќање очекуваше повторно да биде прва опција на голот.

Флик мораше да го разочара и да му каже дека тоа нема да биде случај бидејќи Жоан Гарсија од Еспањол е ангажиран да биде прв голман во новата сезона.

Иако Тер Штеген нема желба да ја напушти Барселона, тој не сака да биде втора опција и моменталната ситуација е повеќе од комплицирана.

Според „Мундо Депортиво“, во наредните денови Флик ќе му го зададе последниот удар на германскиот голман. Имено, речиси е сигурно дека Флик ќе ја отстрани капитенската лента од раката на Тер Штеген и ќе му ја даде на некој друг.

Според овој извор, челниците на Барселона се согласуваат со оваа одлука и ја поддржуваат, а ќе биде интересно да се види реакцијата на Тер Штеген кога оваа одлука ќе биде официјална. Многумина веруваат дека ова е еден од начините со кои Барселона се обидува да се „ослободи“ од 33-годишниот голман.

Веќе се шпекулира и за тоа кој би можел да го наследи Тер Штеген како капитен на каталонскиот клуб, а името Иниго Мартинез е најспомнувано.

Иниго Мартинез стана еден од најомилените играчи меѓу навивачите на Барселона и многумина мислат дека тој би бил совршен кандидат да биде нов капитен.

ИЗДВОЕНИ