Возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, очигледно пронашол начин да се опушти по исцрпувачката трка за Големата награда на Монако, каде што заврши на петтото место.
Само неколку часа по трката, Луис Хамилтон уживаше во ноќен излез со руската манекенка и инфлуенсерка Виолета Берт.
View this post on Instagram
Во видео кое стана вирално на социјалните мрежи, Хамилтон (40) е прикажан како танцува во црвен елек додека русокосата убавица му е свртена со грб, а во еден момент тој ја става раката на нејзината половина.
Lewis Hamilton after the Monaco GP 😎🪩
— La Gazzetta Ferrari (@GazzettaFerrari) May 26, 2025
Според информациите што ги сподели британскиот „Дејли меил“, станува збор за Виолета Берт (29), која има повеќе од 800.000 следбеници на својот Инстаграм профил.