Луис Хамилтон, пред неколку години, имаше можност да го надмине легендарниот Михаел Шумахер по бројот на освоени шампионати во Формула 1, но неговата доминација во тоа време ја прекина Макс Верстапен. Оттогаш Британецот постојано се мачи на патеката, бидејќи ниту Мерцедес ниту сега Ферари може да направи болид по негов вкус.
Токму затоа постојано се поставува прашањето кога ќе замине во пензија, со оглед на тоа што има 40 години и важи за ветеран во спортот во кој се натпреварува. Но, седумкратниот шампион не мисли така. Тој јавно ја кажа својата желба да го напушти тимот на Ферари, но не и да се пензионира.
- Имам договор. Нормално, преговорите за нов договор започнуваат најмалку една година порано. Во моментов, јас сум далеку од тоа – истакна Луис, а кога го прашаа дали би преговарал со Ферари следната година, отсечно рече: „Не“.
Хамилтон се мачи оваа сезона и првпат во својата кариера нема ниту еден подиум.











