
Италијанскиот тим Ферари влегува во трката во Монако со доза на претпазливост, иако минатата година славеше на оваа легендарна патека во Формула 1. Перформансите на тимот во текот на првите седум трки од сезоната 2025 беа под очекувањата, а тој моментално се наоѓа на четвртото место во шампионатот, во конкуренција на конструктори, што не е во согласност со амбициите.
Најголемиот проблем на Ферари оваа сезона е темпото во квалификациите, сегмент што е клучен токму во Монако, каде што почетната позиција е речиси клучна, бидејќи престигнувањето на патеката е практично невозможно.
На последната трка во Имола, ниту Шарл Леклер ниту Луис Хамилтон не успеаја да влезат во третиот дел од квалификациите (Q3), иако подоцна во трката успеаја да освојат поени. Шарл Леклер, кој триумфираше во Монако минатата година пред домашната публика, нема големи очекувања оваа година:
– Ќе биде многу тежок викенд. Мислам дека Монако ќе открие многу од слабостите на нашиот болид. Исто така, постојат фактори што не може да ги предвидите, особено во квалификациите, каде што ризикувате многу. Болидот е поставен на сосема поинаков начин, па се надевам дека ќе нè изненади – рече Леклерк.
За Луис Хамилтон, ова ќе биде прв настап во Монако за Ферари, но и кај него постои одредена доза на неизвесност. Иако е повеќекратен светски шампион, нема славено на оваа патека од 2019 година. Сепак, планира да испроба некои нови идеи, кои досега не му беа во фокусот:
– Искрено, не сум сигурен. Се мачиме, особено во квалификациите. Имам некои идеи што сакам да ги реализирам следната недела, некои работи што досега беа во втор план бидејќи имавме други приоритети. Се надевам дека ќе можеме да „отклучиме“ повеќе перформанси. Навистина не знам како ќе се однесува болидот – вели Хамилтон.