Хамас предаде тела на уште три заложници, следува идентификација

167

Канцеларијата на израелскиот премиер во неделата потврди дека ги примила останките на тројца починати заложници од Газа. Останките, кои според Хамас беа пронајдени во тунел во јужна Газа, ќе бидат префрлени во судска медицина за идентификација.

Израел објави дека неговите безбедносни сили во Појасот Газа ги примиле од Црвениот крст останките на тројца заложници кои беа вратени од Хамас во неделата како дел од договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на САД, објави Франс 24.

„Израел, преку Црвениот крст, ги прими ковчезите што ги содржат останките на тројца починати заложници кои беа предадени на силите на ИДФ и Шин Бет во Појасот Газа“, се вели во соопштението од канцеларијата на премиерот, додавајќи дека останките ќе бидат префрлени во судска медицина за идентификација.

Во претходното соопштение на Хамас се вели дека останките биле пронајдени во недела во тунел во јужна Газа.

Откако прекинот на огнот во Газа стапи на сила на 10 октомври, палестинските милитанти ги предадоа останките на 17 заложници, а 11 останаа во Газа.

Милитантите предаваат по едно или две тела на секои неколку дена. Израел повика на побрз напредок, а во некои случаи рече дека останките не се од заложници. Хамас рече дека работата е комплицирана од ужасното уништување во Газа.

ИЗДВОЕНИ