
Палестинската милитантна група Хамас вечерва изјави дека е подготвена за индиректни разговори со Израел за договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците.
Хамас објави дека е „подготвен веднаш да започне рунда индиректни разговори за постигнување договор за спорните точки“, објави „Тајмс оф Израел“.
Во соопштението, Хамас рече дека целта на разговорите е да се постигне договор што „обезбедува помош“ за народот на Газа „и ја завршува хуманитарната катастрофа, што на крајот би довело до траен прекин на огнот и целосно повлекување на окупаторските сили“.
„Хамас“ не соопшти дали го повлекол ажурираниот предлог што го достави вчера до специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, кој го нарече „целосно неприфатлив“.
Израел го прифати планот Виткоф, додека Хамас претходно објави дека не ги исполнува основните барања, вклучително и крај на војната, пренесува „Танјуг“.