Хамас одбива да го предаде оружјето се додека не добие држава со Ерусалим како главен град

112

Хамас денес соопшти дека нема да го положи оружјето доколку не се воспостави независна палестинска држава. Палестинската милитантна група во соопштението наведува дека „вооружениот отпор не може да се напушти освен со целосно враќање на нашите национални права, од кои првото е воспоставување независна, целосно суверена палестинска држава со Ерусалим како главен град“.

Индиректните разговори меѓу Хамас и Израел, насочени кон обезбедување 60-дневен прекин на огнот во Газа и договор за ослободување на заложниците, минатата недела западнаа во ќорсокак.

Седумнаесет земји, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Катар и Египет, го повикаа Хамас да го предаде своето оружје на Палестинската самоуправа, завршувајќи пред четири дена на конференцијата на ОН, чија цел беше да се внесе нов живот во решението за две држави за Израел и Палестина.

ИЗДВОЕНИ