Хамас му нуди „договор“ на Израел

164
EPA/HAITHAM IMAD

Вооруженото крило на Хамас, Бригадите Ал-Касам, денес објави дека е подготвено позитивно да одговори на секое барање од Црвениот крст за испорака на храна и лекови на израелските заложници што ги држи во Појасот Газа, под услов Израел трајно да отвори хуманитарни коридори.

Портпаролот на Бригадите Ал-Касам, Абу Обеида, прецизираше дека условот на групата за пристап на Црвениот крст до заложниците е отворање хуманитарни коридори „на нормален и траен начин“ за проток на храна и лекови до сите Палестинци во сите делови на Појасот Газа и прекин на сите форми на израелска воздушна активност за време на испораката на пакети до заложниците, пренесува Танјуг.

„Бригадите Ал-Касам не ги гладуваат затворениците намерно, туку јадат она што го јадат нашите борци и општото население и нема да добијат никакви посебни привилегии додека продолжуваат изгладувањето и опсадата во Газа“, рече тој, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Претходно вчера, Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) повика на итен пристап до израелските заложници во Газа, откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара од организацијата да преземе мерки за обезбедување храна и медицинска помош за заложниците.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно побара од Меѓународниот комитет на Црвениот крст да преземе итни мерки за обезбедување храна и медицинска помош за заложниците што се држат во Газа.

Нетанјаху, во разговор со шефот на регионалната делегација на Црвениот крст, Жулиен Ларисон, го обвини Хамас за „ширење лаги за глад“, додека, според него, врз израелските заложници се спроведува вистинско изгладнување и брутално физичко и психолошко малтретирање.

ИЗДВОЕНИ