Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја потврди својата решеност за враќање на останките на сите заложници кои сè уште се во рацете на Хамас, по заканите од министерот за одбрана за продолжување на офанзивата во Појасот Газа.
Израел го обвини палестинското исламистичко движење за кршење на договорот за прекин на огнот. Договорот бараше движењето да ги предаде сите заложници во Газа, и живи и мртви, во рок од 72 часа од стапувањето во сила на прекинот на огнот, или најдоцна до 9 часот наутро во понеделник. Хамас досега ослободи 20 живи заложници на време, но до понеделник ги предаде останките само на девет од 28-те заложници што ги држеше.
Хамас, пак, соопшти дека ги предал посмртните остатке на заложниците во Појасот Газе до кои можел да дојде, додавајќи дека му е потребна посебна опрема за извлекувањ ена останатите тела. Претседателот ан САД Доналд Трумп изјави декњ Хамас „копа“ за да пронајде тела.
-Копаат. Пронаоѓаат многу тела. Некои од нив се таму мнгоу долго, а некои се под урнатините. Мора д аги расчистат урнатините. Некои тела се во тунелите, рече тој.