Палестинската организација Хамас повтори дека е подготвена за сеопфатен договор за Газа, во рамки на кој сите израелски заложници би биле ослободени во замена за договорен број палестински затвореници.
Изјавата дојде непосредно откако претседателот на САД Доналд Трамп, ја повика групата да ги ослободи сите 20 заложници.
Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги критикуваше ставовите на Хамас.
„За жал, ова е уште една манипулација од страна на Хамас, без ништо ново во неа“, се наведува во соопштението на канцеларијата на Нетанјаху.
Во него се повторува дека војната во Газа ќе заврши само доколку бидат ослободени сите заложници, ако Хамас биде разоружан, Појасот Газа демилитаризиран, ако Израел воспостави безбедносна контрола врз енклавата и биде создадено алтернативно цивилно управување.