Хамас го отфрла мировниот план на САД за Појасот Газа – „Се чувствуваме измамени“

33

Хамас денеска објави дека не го прифаќа предлогот на американскиот претставник Стив Виткоф за примирје и размена на заложници без измени и побара одредени промени, тврдат извори запознаени со деталите.

Извор близок до деталите од предлогот за „Џерусалем пост“ рече дека „Хамас“ се чувствува изиграна од страна на американската администрација, верувајќи дека е „изиграна“ со предлогот кој е пристрасен кон Израел и не гарантира крај на војната.

Предлогот исто така бара сите заложници да бидат вратени во Израел за една седмица, со што Хамас губи дополнителна моќ за преговарање.

Извор близок до Хамас рече за медиумот Вала дека групата смета дека новиот предлог е попристрасен кон Израел отколку претходниот и дека Виткоф ги прифатил повеќето барања кои ги изнесе Рон Дермер на состанокот во вторникот.

Понатаму, изворот истакна дека новиот предлог не дава јасна американска гаранција дека привременото примирје ќе доведе до трајно. Исто така, предлого не наведува дека примирјето ќе трае и ако преговорите потраат подолго од 60 дена Израел нема да може еднострано да го прекрши примирјето како што го направи тоа во месец март.

 

ИЗДВОЕНИ