„Хамас“ ги отфрли обвинувањата на Трамп за блокирање на напорите за прекин на огнот во Газа

34
Фото: EPA/SARAH YENESEL

„Хамас“денес го отфрли обвинувањето на американскиот претседател Доналд Трамп дека палестинското исламистичко движење ги блокира напорите за постигнување прекин на огнот во Газа, објави „АФП“.

„Хамас никогаш не бил пречка за постигнување договор за прекин на огнот во Појасот Газа. Американската администрација, медијаторите и целиот свет знаат дека воениот злосторник (израелскиот премиер) Нетанјаху е единствениот што ги попречува сите обиди за постигнување договор“, се вели во соопштението на движењето, пренесува „Бета“.

Порано денес, за време на неговото обраќање пред Генералното собрание на ОН, Трамп рече дека „Хамас“ одбива да ги ослободи заложниците држени во Појасот Газа и да прифати прекин на огнот.

Тој додаде дека инсистирањето на формирање палестинска држава е награда за „Хамас“.

ИЗДВОЕНИ