Хамас бара време да ги извлече телата на заложниците од урнатините

24

Хамас соопшти дека ги предал телата на уште двајца израелски заложници според условите на договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на САД, додавајќи дека ќе биде потребно време и специјализирана опрема за да се извлечат телата на другите од урнатините во Појасот Газа, објави Би-Би-Си утрово.

Вооруженото крило на групата соопшти во соопштение дека е посветено на договорот, но ги вратило сите тела на заложниците до кој успеале да дојдат.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека израелските сили би можеле да продолжат со борбите во Газа доколку Хамас не го почитува договорот.

Канцеларијата на израелскиот премиер соопшти дека Израел ги примил ковчезите на заложниците преку Црвениот крст, кои сега чекаат официјална идентификација.

„Израелската војска ја повикува јавноста да почека официјална идентификација, која прво ќе им биде соопштена на семејствата на починатите заложници“, се вели во соопштението.

Според договорот за прекин на огнот, Хамас му предаде на Израел 20 израелски заложници и треба да ги предаде телата на 28 мртви, а до синоќа предаде осум тела. Израел соопшти дека од четирите тела предадени вчера, едно не било тело на заложник.

Според договорот, Израел во понеделник ослободи нешто помалку од 2.000 Палестинци од своите затвори.

Спогодбата за прекин на огнот предложена од Доналд Трамп предвидува предавање на сите заложници, живи и мртви, до рокот што истече во понеделник. Потоа, Хамас мора да обезбеди информации за мртвите заложници и да се обиде да ги предаде што е можно поскоро.

ИЗДВОЕНИ